еМагазин
Image default
Македонија

Филип Петровски ќе собира 10.000 потписи за кандидатура на претседателските избори

Филип Петровски од сабота ќе почне да собира 10 илјади потписи за неговата кандидатура на претстојните претседателски избори. Тврди дека зад него, односно зад „Македонија блокира“ стојат повеќе од 80 организации и целата македонска дијаспора.

Поништување на Преспанскиот договор, односно на промената на уставното име, поништување на двојазичноста, враќање на илинденските и асномските принципи како темел на основање на нашата држава, и вонредни парламентарни избори, се четирите клучни определби кои Петровски на денешната прес-конференција вети дека ќе ги исполни и нема да отстапи од нив.

„Единствено со вакви тези, со овие столбови може да се победи марионетската власт на Заев. Во овој момент мислам дека и опозицијата е фингирана, договорена со Заев, бидејќи Мицковски избра кандидат кој е близок на Бранко Црвенковски и е активист и учесник во левичарски движења, како и активист во рушењето на ВМРО – ДПМНЕ со професорските и студентските пленуми и со шарената револуција“, рече меѓу другото Петровски.

Одговарајќи на новинарско прашање со кого се ќе преговара за поддршка, информира дека преговара првенствено со членството на ВМРО – ДПМНЕ, а ќе понуди соработка со сите партии кои имаат заедничка цел, како што рече, да се сопре деструкцијата што забрзано се одвива и да се создаде вистинска опозиција што ќе има капацитет да победи на парламентарните избори

На прашањето дали со неговата кандидатура нема да се раситни опозицијата и ќе и се овозможи на власта полесно да дојде до победа, Петровски потенцира оти очекува целата опозиција да застане зад него и ќе му даде, рече, црвен картон на Мицковски затоа што ја раситнува опозицијата.

Петровски денеска обвини дека изборот на претседателскиот кандидат на ВМРО – ДПМНЕ во Струга бил однапред изрежиран од страна на Христијан Мицковски.

МИА/Фото:Фејсбук/Филип Петровски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Филип Петровски, вториот официјален кандидат за претседател на државата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицискиот час не го почитувале 77 лица, 58 се приведени

Редакција

Владата ги продолжи мерките и препораките за заштита од високите температури и за четврток

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 33 пациенти, а вкупно се лекуваaт 253

Редакција