еМагазин
Image default
Македонија

Барањето за одземање на пратеничкиот имунитет на Вељаноски стигна во Собранието

Барањето од Кривичниот суд во Скопје за одземање на пратеничкиот имунитет на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, стигна во Собранието.

Од собраниската прес-служба за МИА велат дека претседателот на Собранието, Талат Џафери барањето ќе го достави до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.

Според Деловникот, Комисијата е должна да го разгледа барањето и во рок од два дена да достави извештај до претседателот на Парламентот. Со Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања претседава пратеникот Павле Богоевски.

По добиениот извештај од Комисијата, Собранието најдоцна во рок од три дена треба да одлучува за барањето на судот на пленарна седница. Одлуката за одземање на имунитетот се носи со просто мнозинство од вкупниот број на пратеници.

Актуелниот пратенички состав досега по барање на судот донесе одлуки за одземање на имуинитетиот на пратениците Никола Груевски, Љупчо Димовски, Крсто Муковски, Јохан Трачуловски, Жаклина Пешевска, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски.

Поранешниот претседател на Собранието и актуелен пратеник Трајко Вељаноски, заедно со Миле Јанакиески и Спиро Ристоски вчера попладне беа приведени на распит по наредба на Јавното обвинителство под сомнение за вмешаност во настаните од 27 април 2017 година.

Вељановски се повика на пратеничкиот имунитет, додека на поранешните министри Јанакиески и Ристоски им беше одреден 30-дневен притвор.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски: Ниту сум организирал, ниту сум дал согласност некој да организира насилен упад во Собранието

„Полека, полека, Шутка ко Халкидики станува. Исто друштво, иста забава“: Твитер за приведувањето на Јанакиески, Вељаноски и Ристоски

Судот побара од Собранието да му го одземе пратеничкиот имунитет на Вељаноски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонците ќе опстојат како нација само во добра комуникација со Албанците, порача Ахмети

Редакција

Поради здравствени причини одложено судењето за Жан Митрев

Редакција

Детален преглед: Рекорден број на новозаразени со коронавирусот во Македонија

Редакција