еМагазин
Image default
Бизнис

ЈП за државни патишта со објаснување за договорот за непредвидени работи за санација и рехабилитација на пат од делницата Неготино – Демир Капија

Јавното претпријатие за државни патишта спроведе постапка за непредвидени работи за санација и рехабилитација на државен пат А1, делница Неготино – Демир Капија.

По објавата на оваа информација на еМагазин, од претпријатието информираат дека постапката е спроведена согласно член 99 став 1 точка 4 од Законот за јавни набавки каде стои:

“За набавка на непредвидени работи како и дополнителни работи или услуги кои не се вклучени во основниот договор, а кои поради непредвидени околности се нужни, под услов договорот да се додели на изведувачот на работите или давателот на услугите од основниот договор кога:

– таквите работи или услуги не можат да бидат технички или економски оделени од основниот договор без поголеми проблеми за договорниот орган”.

Оттаму додаваат дека во став 2 од истиот член стои:

“Вкупната вредност на дополнителните работи, непредвидените работи и вишоците на работи или на дополнителните услуги од ставот 1 точка 4 на овој член не смее да надмине 30% од вредноста на основниот договор”.

Од ЈП за државни патишта укажуваат дека во конкретниот случај согласно погоре цитираните одредби спроведена е постапка со преговарање за непредвидени работи, со изведувачот ГД Гранит АД Скопје, кои непредвидени работи се однесуваат за санација на свлечиште, изработка на слој од миниран камен и демонтажа на еластична ограда по кои преговори е слкучен договор со вкупна вредност од 34.615.160 денари, кои во однос на вредноста на основниот договор искажано во проценти изнесува 11,39%.

„Од погоре изнесеното произлегува дека оваа постапка е спроведена со експлицитна примена на одредбите на Законот за јавни набавки“, велат од претпријатието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:

ЈП за државни патишта склучи договор со Гранит за непредвидени работи на патот Неготино-Демир Капија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Винценц Јамник си даде оставка од Надзорниот одбор на НЛБ Банка

Редакција

Живко Мукаетов купи акции во Алкалоид

Редакција

Сава пензиско друштво ги продаде акциите во Гранит

Редакција