еМагазин
Image default
Македонија

Ѕвонко Костовски: Во УБК се фабрикуваа докази за судска наредба при апсењето на Соња Верушевска

Сведокот Ѕвонко Костовски на денешното рочиште во Кривичниот суд за предметот „Таргет-Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) рече дека во 2011 година на барање на Горан Грујевски биле направени четири сајтови во системот „Најс“ за подобра прегледност и групирање на таргетите.

-Во 2011 година Горан Грујевски побара да се направат четири сајтови во системот „Најс“ за подобра прегледност и групирање на таргетите. Првиот сајт беше наречен  „Судски наредби“, вториот беше наречен „Рудник“ и во него беа оперативните таргети на УБК, во третиот „Полог“ беа оперативните таргети на БЈБ, а во четвртиот имаше телефонски броеви од политичари, бизнисмени, новинари и невладини организации, рече Костовски.

Оперативните таргети на УБК и БЈБ, како што посочи, не биле следени со судски наредби, туку со барања од УБК кои се евидентирале во посебна книга.

– Доколку се увидеше потреба се бараше судска дозвола, додаде Костовски.

Тој пред судот истакна дека во првите три сајтови пристап имале админ 1 и админ 2, а во четвртиот марк 11, што го користел маркирачот Владимир Варелов.

Костовски рече дека имал пристап до првите три сајтови, а во четвртиот имале Горан Грујевски и Сашо Мијалков, како и барем еден маркирач.

-Таргетот, соговорникот, локацијата и други елементи од системот беше побарано да се сменат во фајлот и да се фабрикуваат докази за судска наредба при апсењето на Соња Верушевска. Тоа го побара од нас Горан Грујевски, рече Костовски.

Во предметот „Таргет-Тврдина“ на СЈО обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, Никола Бошкоски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мијалков ми рече или ќе признаеш или ќе лежиш 15 години, рече сведокот Костовски на судењето за „Таргет-Тврдина“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови дојави за бомби во скопски училишта

Редакција

Убава вест: Оздравени 182 пациенти кои боледуваа од Ковид-19

Редакција

МНР: Нема пријавени наши државјани заболени од корона вирусот

Редакција