еМагазин
Image default
Балкан

Хашим Тачи ќе поднесе оставка ако нема промени на границата на Косово

Косовскиот претседател Хашим Тачи најави дека ќе поднесе оставка ако Парламентот не ја одобри спогодбата со Белград според која трите општини Бујановац, Прешево и Медвеџа би му припаднале на Косово, пренесуваат косовските медиуми.

Тој додаде дека е подготвен на референдум за ова прашање и изрази сигурност во неговата успешност, бидејќи мнозинство од граѓаните на овие општини и на Косово се согласни на ваков чекор.

Тој вели дека не сака да го прекрши Уставот туку да го промени, бидејќи Приштина може поради непријателството со Белград односно воведените економски бариери да го загрози стратешкиот сојуз со САД.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) На момент заспал: Уапсен возачот на автобусот кој излета од автопатот во Хрватска, во несреќата загинаа десет лица

Редакција

Нова грчка Влада: Герапетритис шеф на дипломатијата, Дендиас оди во одбрана

Редакција

Црна Гора му кажа „чао“ на корона вирусот: Нема веќе заболени

Редакција