еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за „Титаник“ на СЈО

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Претходното рочиште на 13 февруари беше одложено поради здравствени проблеми на обвинетиот Ендмонд Темелко.

Во „Титаник“ се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска-Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за за финансирање изборна кампања.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минатата недела најголем раст на заболени од Ковид-19 има кај лицата од 10 до 19 години

Редакција

Вкупно 1.494: Нови 29 случаи на заболени со коронавирусот во Македонија

Редакција

Ден Дончев го демантира контекстот на објавените „бомби“: „Видеоснимката е од поодамна и од приватен карактер“

Редакција