еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Изложбата „Длабочина” на Анита Огњановска во НЛБ Галерија

Утревечер (28.2.2019 година), со почеток во 20 часот во НЛБ Галерија, љубителите на визуелните уметности ќе имаат можност да ја проследат самостојната изложба на Анита Огњановска насловена „Длабочина“.

Триесетина дела масло и акрил на платно го прикажуваат патот на еден автор во откривањето на сопствениот свет и пронаоѓањето на својот личен ликовен израз, каде сликарскиот чин е ослободување од внатрешниот порив, интимен и потполно искрен микрокосмос.

Огњановска го напаѓа платното со богата тонска скала и силен контраст, меѓу жолтата и црвената, продираат сината и зелената во силно композициско единство. Слободно ги нафрла боите врз платното, тие се прелеваат и во неконтролирана ерупција избиваат во просторот. Платната бликаат од живост и блескав колорит.

За внатрешниот импулс и ритуалот на сликањето Огњановска вели:

„Кога сликам немам прецизен план, започнувам и сликам спонтано. Сè се случува брзо и страсно во миг, емоциите ме носат и никогаш не знам каде ќе ме однесат. Едноставно го сликам она што го чувствувам. Се препуштам на радоста на сликањето и чувството на слобода. Тоа се моменти, одредено доживување кое е станато длабоко сеќавање и извира од длабочината. Тоа е мојот спонтан, но всушност длабоко интимен свет.”

Сликарството и личниот ракопис на Анита Огњановска зрачат со сопствена поетика и посебна визуелна впечатливост кој овозможува препознатлив печат на нејзините дела.

Изложба ќе остане во НЛБ Галерија (ул.Мајка Тереза 1, Скопје) се до 19.3.2019 година и ќе биде отворена секој работен ден од 8 до 18 часот и сабота од 8 до 16 часот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Атиџе е името на новата рисица откриена во НП Маврово

Редакција

Нова експозитура на НЛБ банка во Скопје-Бутел

Редакција

Ексклузивно претставување на Tikveš Chateaux & Domainеs на најголемиот Саем за вино ProWein 2019

Редакција