еМагазин
Image default
Бизнис

Народна банка: Каматите на кредитите и во јануари продолжуваат да паѓаат

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари достигна 5,3 проценти. Народната банка во соопштение наведува дека просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи да се намалува, при што намалување е забележано и кај каматната стапка на кредитите на населението и кај корпоративниот сектор.

-Каматната стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор изнесува 4,59 отсто, додека на домаќинствата 6,03 отсто.

Кај депозитите просечната каматна стапка изнесува 1,42 осто, при што има незначителна нагорна промена во однос на претходниот месец.

Кај каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор во јануари е забележана нагорна месечна промена и таа изнесува 1,72 отсто, додека просечната каматна стапка на вкупните депозити на домаќинствата се задржа на декемвриското ниво од 1,38 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој сѐ треба да даде мислење за понудата на Комерцијална за купување на сите акции на Стопанска банка Битола

Редакција

„Македонски Телеком“ „држи“ 54,2% од пазарот на фиксна телефонија

Редакција

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони вработува пет лица, плата до 25.023 денари

Редакција