Хрватскиот Сабор денеска со 116 гласови „за“ и два „против“ го ратификува Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО.
“И честитам на Република Северна Македонија за членството во НАТО и можам да Ви кажам во име на застапниците кои ја поддржаа денешната одлука дека Република Хрватска ќе Ви даде поддршка на патот кон ЕУ“, порача претседателот на Саборот, Гордан Јандроковиќ.
Хрватска е петта членка на НАТО што го ратификува протоколот за членство на Македонија во НАТО. Прва го стори тоа Грција, а по неа Словенија, Албанија и Бугарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И Парламентот на Црна Гора го ратификува протоколот за влез на Македонија во НАТО
Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.