еМагазин
Image default
Интервју

Клаудио Занки, основач на Caffѐ Italia: Филџан оригинално италијанско кафе во Скопје

Се имате ли прашано: „Може ли да ја почуствувате Италија во еден филџан?“. Тоа зависи од тоа кој го прашувате. Ако го свртите вашето внимание на еден мал кафе локал на ул. Никола Тримпаре во Скопје, близу Католичка црква, веднаш до Романска амбасада, ќе воочите дека перфектниот и уникатен вкус на Италија е во еден мал филџан со логото на Caffѐ Italia.

Самиот мирис од кафето ќе ве одведе на пат околу цел свет поради мешавините на различните зрна од Африка, Азија, Америка и Европа. Тоа поттикнува слики од земји и светови кои секогаш си сакал да ги посетиш. Моментот кога ќе го вкусите Caffѐ Italia ви се покажува нов свет, кој не може да го игнорирате.

Тој свет е изграден од Клаудио Занки, основачот на Caffѐ Italia Roastery во Италија. Тој беше во посета на Скопје и Ланголо ди кафе, единствениот кафе локал кој служи Caffѐ Italia во Македонија. Тој ни кажа многу за кафето, посебно за значењето на еспресото во Италија, и значењето на еспресото за него лично.

Што е тоа што најмногу ви се допадна во Скопје и културата на градот, по вашиот прв престој?

– Скопје беше прекрасно изненадување за мене. Моите очекувања за градот не беа големи, но по посетата на центарот бев импресиониран. Животната енергија на луѓето, чистотата на патиштата, спомениците, светлината на палатата и прекрасната река низ градот беа феноменални. Тоа беше одлична прошетка. Сепак, еден ден не е доволно за да се почуствува една култура, но уживав во типичните ресторани, традиционалната храна (печурките) и музиката. Конечно, сѐ беше добро, но следниот пат ќе мора да одделам повеќе време за да ги научам вашите вина поубаво.

Велите дека Caffѐ Italia е вкус кој носи здравје, и пат до лично откривање. Што мислите со тоа?

– Тешко е да објаснам на што мислам, посебно на англиски или друг јазик. Едно е специфичноста на италијанскиот јазик со кој најдобро се опишуваат квалитетот и здравјето. Можете слободно да ја посетите нашата веб страна (caffeitalia.coffee/) и да го откриете значењето сами. Знам само дека кога започнавме пред 12 години секој нѐпрашуваше за значењето и многумина рекоа дека кафето не е толку здраво.

Сега голем број на научни истражувања ни кажуваат за теравпетскиот капацитет на кафето (зелено кафе, кремата на телото, лек за Алцхајмер, итн.). Вистина е дека не секое кафе е здраво, но добрите најчесто се. За да го разбереме треба да го пренесеме сето тоа што го научивме од сите чекори по патеката (од квалитетот на суровото кафе, процесот на печење, конзервацијата на продуктот и перфектната екстракција). Тоа е долг пат. Ако најдете време да уживате во филџан кафе во Ланголо ди кафе и поразговарате со Верица, таа сигурно ќе ви пренесе слично искуство.

Како се чувствувавте кога пиевте кафе во Ланголо ди кафе? И како го гледаат кафето во Италија?

– Местото е прекрасно. Се сретнав со неколку клиенти. Зрачи со љубов кон кафето. Може да се почуствува страста на Верица за кафето во самиот локал. А мора да кажам… Еспресото и Фудбалот се институции во Италија!

Целото ваше кафе е уникатно и различно, но кое е вашиот личен фаворит?

Наутро пијам по две Каруса, затоа што ми е потребен тој расонувачки удар од Робуста. Додека, преку ден пијам Марко Поло (100% Арабика), затоа што има помалку кафеин, тоа затоа што пијам премногу кафе секојдневно.

На вашата веб-страна може да се забележи дека луѓето можат сами да си го печат кафето. Како е тоа можно, и како го правите тоа?

– Имаме специјална просторија каде третиот бран на љубители на кафе може сами да си го печат кафето. Ние им го овозможуваме нашето искуство и професионална опрема за да се потрудат да си направат сопствени мешавини. Многу ми е драго што ова е уште нешто што нѐправи различни од другите, и немаме страв да го споделиме нашето знаење и да ги отвориме вратите за да ја зголемиме перцепцијата за квалитет.

 Што би им порачале на љубителите на кафе во Македонија?

– Со Верица и Круно организираме неколку денови на тренинзи во мај со двајца кафе експерти од Италија. Секој е поканет! Другото е, тренирај, тренирај и тренирај. Затоа што кога ќе престанеш со учење… тогаш си подготвен да умреш!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трајче Стафилов: Македонија има европско законодавсто за заштита на животната средина, но потребна е поголема контрола на неговата примена 

Редакција

Каровска: Важен е договорот за соработка помеѓу компаниите и сметководствените друштва, добро е да го опфаќа и консалтингот

Редакција

Извршниот директор Давков открива детали за Ист Гејт Мол: Стартува со 220 продавници и 600 трговски марки

Редакција