еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Анкета на „Факултети“: 83,7% би се отселиле од државата, животот им бил уништен

Нема една причина зошто би останал. Животот ми е уништен овде, работам по 13 часа секој ден и едвај преживуваме, е одговорот на граѓаните на анкетата на „Факултети.мк“.

„Поразителни 83,7 отсто од испитаниците би си заминале од Македонија кога би имале шанса. Ова се резултатите од анкетата под наслов „Кога би можеле, дали би заминале од Македонија“. На прашалникот анонимно одговорија вкупно 1.474 читатели. Интересен е податокот што во првите неколку часа имаше масовно одговарање на трите поставени прашања.

На прашањето „Кога би имале шанса, дали би заминале од Македонија?“ одговорија 1.491 читател. Од нив дури 1.234 (83,7%) одговориле со „да“, 123 (8,3%) се двоумат, додека 117 испитаници (7,9%) би останале во Македонија“, пишуваат od „Факултети.мк“.

Целата анкета ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цените на угостителски услуги се зголемиле за 6,3%

Редакција

Границата помеѓу блок-тарифите за струјата за домаќинствата ќе биде зголемена, најави Бислимоски

Редакција

Транспортерите бараат помош од Владата поради цената на нафтата, се закануваат со протести и прекин на превоз на стока и патници

Редакција