Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Д.С.(34) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, информира МВР.
Од страна на судија на претходна постапка на Д.С. му е одредена мерка притвор во траење од 48 часа. На 27.02.2019 година околу 18.10 часот во атар на село Осој, кичевско, на место викано „Алексова нива“, пријавениот од ловечка пушка испукал куршум, при што го повредил А.С.(66) од Кичево.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.