еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Програма низ призмата на #Градот: Што нуди Fashion & Lifestyle Expo ’19?

Се ближи 20ти март, а со тоа и почетокот на четвртото издание на Fashion & Lifestyle Expo! Фоајето на Македонската опера и балет уште еднаш ќе биде исполнето со бројни презентации и настапи чии приказни се вртат околу едно главно тежиште: #Градот Скопје.

Она што оваа година е поразлично е акцентот на искрата на главниот град која се бори со сето ова сивило – креативците од нашата околина кои преку уметноста го прават Скопје поубаво место за живот.

Целта е да се осигураме дека градот ќе види, ќе слушне, ќе чита, ќе се разубави, а покрај сето тоа… градот ќе се забавува! За ова ќе се погрижат и Skopsko Smooth кои се спонзор на настанот.

Она што ќе ја одбележи програмата годинава несомнено е Driven by Design натпреварот за млади модни дизајнери, идеја позади која стојат Korea Auto Trade.

На натпреварот аплицираа голем број млади модни дизајнери, а по оценувањето од стручно жири од шест лица, најдобрите односно 15 финалисти ќе бидат изложени на настанот, а ќе продефилираат и на ексклузивна модна ревија на пред-отворањето во среда, 19:00 часот.

Победникот ќе си замине дома со парична награда од 1.000 евра, додека второ и трето наградените со парична награда од по 500 евра, награди кои несомнено ќе им влеат мотивација и понатаму да креираат.

Овогодинешното издание се одржува на пет сцени: Main Stage која тематски се трансформира во #ГрадотСлуша, #ГрадотГледа и #ГрадотЧита, Градот Шкртка, Градот Убав, Градот Урбан и Градот Мечтае. Покрај сцените, и Галеријата на МОБ ќе биде исполнета со 7 паралелни изложби.

Така, трите дена програмата започнува од 15.00 ч, а трае до вечерните часови. Поделена е на неколку главни целини.

На #ГрадотСлуша – ќе ги слушаме звуците на градот ќе ја слушнеме приказната на објектите во просторот и ќе се забавуваме со прекрасните звуци на нашите локални музичари!

На  #ГрадотГледа ќе  нурнеме во светот на фотографијата и одново ќе го видиме градот низ призмата на нашите фотографи, ќе патуваме низ историјата и ќе ги дознаеме скриените  приказни на градот.

На #ГрадотЧита – ќе навлеземе во светот на пишаниот збор и непишаното околу него него  со наши добро познати автори.

За магијата да биде целосна, на посебната сцена #ГрадотШкртка публиката ќе може да ги види младите сликари, илустратори и doodle уметници и да учествува во една поинаква визуелна авантура!

На #ГрадотУбав ќе се запознаеме со најновите трендови во убавината со врвни професионалци. Како јаготка на шлагот, последниот ден мечтаеме заедно!

На #ГрадотМечтае ќе се инспирираме и ќе поттикнеме нови креативни мисли.

Секако, #Градот се забавува, па се забавуваме и по 20:00 часот на #ГрадотИНоќта.

На ОВОЈ ЛИНК , погледнете ја целосната програма за настанот, која несомнено ќе ги наполни вашите креативни резерви.

Бидете во тек и не заборавајте да ја следите и официјалната Facebook страна на Fashion & Lifestyle Expo, како и официјалниот настан.

Влезот за настанот во текот на трите дена е БЕСПЛАТЕН!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Неготинец кој студира медицина во Русија доброволно се пријави да волонтира во Здравствениот дом во Неготино

Редакција

(Видео) Во Штип се отвори првото авио-такси: Со авион на кафе во Солун, Охрид, Атина

Редакција

(Галерија) За прв пат Василичарски оган запален на дното на Охридско Езеро

Редакција