еМагазин
Image default
Бизнис

Пекабеско драстично ја зголеми добивката

Пекабеско АД Скопје минатата година оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираниот единечен Биланс на успех во износ од 119,3 милиони денари, кој е повисок за 63,5% споредено со 2017 година, информираат од компанијата преку Македонската берза.

„Остварените вкупни приходи од работењето во периодот јануари-декември 2018 година изнесуваат 4.795,5 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2017 година бележат пораст од 8,9%.

Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 97%, имаат приходите остварени со продажба на готови производи, стоки и услуги кои во споредба со остварените во 2017 година бележат пораст од 4,4%.

Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари-декември 2018 година изнесуваат 4.669,0 милиони денари и во споредба со остварените во истиот период во 2017 година бележат пораст од 7,7%“, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прекршочни постапки за телевизиите кои ќе емитуваат платена политичка програма со малолетници

Редакција

За гостите во хотелите нема да им треба доказ за вакцинација

Редакција

Горивата поскапуваат за три денари

Редакција