еМагазин
Image default
Бизнис

Германската компанија „Герешајмер“ ќе гради фабрика за медицинска пластика во ТИРЗ Скопје

Германската компанија Герешајмер, потврди дека ќе инвестира во нова фабрика во Бунарџик во која ќе се отворат 400 нови работни места за високо едуциран кадар од Македонија.

Герешајмер е основана во 1864 година, со долга традиција и историја на успешно работење, модерна фирма со софистицирана и врвна технологија во производствениот процес.

Компанијата е светски лидер во производството на медицинска амбалажа, апликатори за инсулин, инхалатори, апарати за мерење на шеќер, други пластични и стаклени производи и апарати за фармацевтската и медицинската индустрија, со вкупен обем на производство од 1,3 милијарди евра, во 50 фабрики во 15 земји во Европа, Азија, Северна и Јужна Америка и околу 10.000 вработени на својот платен список.

Извршниот директор на Герешајмер, Дитмар Симсен, во видео обраќање потенцираше дека компанијата, како своја идна инвестициска дестинација ја избрала нашата земја поради добрата инфраструктура, вештите и добро обучени работници.

„Со градежните активности ќе започнеме мошне брзо, бидејќи почетокот на производството е планиран за крајот на 2020 година. Планираме значајни инвестиции во фабриката, средна двоцифрена милионска бројка во евра. Тој износ е планиран и за врвните технологии за „чисти соби“, како и за машини. На среден рок планираме да вработиме околу 400 лица во фабриката. Но навистина сакаме да имаме можност за натамошен раст, според потребите, во иднина. Од производна перспектива планираме производи, системи и уреди за фармацевтската како и за медицинско-технолошката индустрија и претходно наполнети шприцови за фабриката“, кажа Симсен.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Комерцијална банка сефови имаат 4.700 граѓани

Редакција

“Пекарски картел“ ја утврдува цената на лебот во Скопје, тврди Бектеши

Редакција

Туџаров: Проблем е кога министерот за здравство дискутира со „џанкер“ за Законот за контрола на опојните дроги

Редакција