еМагазин
Бизнис

Пораст на приходите на „Прилепска пиварница“

„Прилепска пиварница“ во 2018 година оствари вкупен приход во износ од 1.923.188.279 денари кој во споредба со остварениот вкупен приход во 2017 година бележи пораст од 3,41%, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Во структурата на приходите најголемо учество има приходот од продажба на производи и стоки од 95,8%, а останатите приходи кои учествуваат со 4,2% се остварени по основ на приходи од употреба на сопствени производи, останати деловни приходи и финансиски приходи.

Остварените вкупни расходи во 2018 год. изнесуваат 1.805.776.930 денари и во споредба со остварените вкупни расходи во 2017 година бележат пораст од 8,03%“, соопшти компанијата.

Во порастот на расходите поодделно најмногу учествува амортизацијата со зголемување од 28,20% (се должи на ставањето во употреба и пресметување на амортизација во 2018 година на значителна по вредност нова инвестиција во градежни објекти и постројки/опрема за производство на производи), расходот за потрошена енергија и материјали за енергија со зголемување од 20,11% и расходот по основ на отпис на нова амбалажа со пораст од 13,92%.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за одбрана склучи договор со „Телелинк бизнис сервисис„ вреден 1,5 милион евра

Редакција

Ако не се отворат целосно границите и државата не им помогне, туристичките агенции ќе протестираат

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби милионскиот тендер на општина Гостивар за набавка на масло за греење

Редакција