еМагазин
Image default
Бизнис

„Фершпед“ оствари приходи од 3,4 милијарди денари и добивка од 84 милиони денари

„Фершпед“ АД Скопје за периодот јануари-декември 2018 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот биланс на успех во износ од 84.269.000 денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Остварените вкупни приходи во периодот јануари-декември 2018 година изнесуваат 3.491.848.000 денари и во споредба со остварените вкупни приходи во 2017 година бележат раст од 9,3%.

Оперативните приходи во износ 3.481.370.000 денари учествуваат со 99,7 % во вкупните приходи и истите бележат раст од 9 % во споредба со оперативните приходи во 2017 година. Финансиските приходи учествуваат со 0,3 % во вкупните приходи и истите бележат зголемување“, соопшти компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трговците сами ќе ја одредуваат цената на нафтата: Ќе има ли ценовен шок?

Редакција

Во октомври раст од 8% на депозитите и од 5,3% на кредитите

Редакција

Владата нема да субвенционира земјоделци кои наместо во Македонија, производите ги извезуваат во странство

Редакција