еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Во автобус кој возел на релација Гостивар – Берн пронајден 1 килограм хероин

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека на граничниот премин „Табановце“, во автобус со швајцарски регистарски ознаки што сообраќал на релација Гостивар – Берн, Швајцарија, биле пронајдени две пакувања од околу еден килограм хероин.

Пакувањата биле спакувани во кеса која, пак, била скриена под задните седишта на автобусот.

Според МВР, дрогата е одземена, а по извршеното вештачење е утврдено дека станува збор за хероин со тежина од 998,63 грама.

Во Полициската станица Куманово се приведени К.П.(41) и А.Б.(38), двајцата од село Долно Количани-Скопје, Скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Новогодишни честитки со семејни фотографии од Иванов, Шекеринска, Јанкулоска…

Редакција

Нема зголемување на цените на лековите од позитивната листа, велат од Министерството за здравство

Редакција

Најчитани на еМагазин во 2021: По прележан Ковид-19, количината на антитела не е битна и не треба да се проверуваат за да се види „колкав ми е имунитетот“, вели Пановски

Редакција