еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Грчки војник стана топ тема во Грција, оти скокајќи со падобран пееше националистичка песна за Македонија

Младиот Манолис Булис од Крит е суспендиран од школата за падобранци на Генерал штабот на Грчката армија, и против него моментално се води интерна истрага, бидејќи додека скокал со падобран се снимал со мобилен телефон и ја пеел нациноналистичката песна „Македонија славна“, која грчките војници ја пееле за време на балканските војни, јавува дописникот на еМагазин од Солун.

Снимката Булис ја објави на својот Фејсбук профил што предизвика лавина од позитивни реакции ширум Грција, а по неговата суспензија, доби голема подршка од јавноста.

Како што јавува дописникот на еМагазин од Солун, од Грчката армија информираа дека тој не е суспендиран поради тоа што ја пеел песната, туку поради тоа што ги прекршил безбедносните протоколи, кои забрануваат да се снима со мобилен при скок со падобран.

На социјалните мрежи пак доминираат коментарите дека тој е суспендиран за да не се предизвикаат проблеми со Македонија, а видеото масовно се шири на интернет.

Фото/видео: Манолис/Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грците ги лажат дека Заев е Албанец и дека ќе се смени името на хотелот „Македонија палас“

„Скопјанецот“ Димитров, за грчките медиуми не сме веќе БЈРМ, сега сме само „Скопје“, а Македонците се „Скопјани“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерство за животна средина и просторно планирање склучи договор со Бауер БГ вреден над 1 милион евра

Редакција

На лидерската се разговарало и за бришење на формулацијата „20%“ од Уставот, вели Ахмети

Редакција

Адора Инженеринг е купувачот на 15.191 акција од Комерцијална банка за кои плати 1,4 милиони евра

Редакција