еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

„Скопјанецот“ Димитров, за грчките медиуми не сме веќе БЈРМ, сега сме само „Скопје“, а Македонците се „Скопјани“

Портпаролот и пратеникот на Златна Зора, Илиас Касидиарис, кој вчера како што пренесе дописникот на еМагазин од Солун, предизвика инцидент во грчкиот Парламент, не е единствениот за кој македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров е „Скопјанец“.

Димитров е „Скопјанец“ генерално и за мнозинството од грчките медиуми кои известуваа за неговата средба со претседателот на грчкиот Парламентот, Никос Вуцис, во Атина.

Освен оваа формулиција медиумите користат и „скопски“ министер. Така да придавката македонски во грчките медиуми се користи единствено за грчката Македонија и за грчките Македонци.

Исклучоци можат да се сретнат во државните грчки медиуми, пренесува дописникот на еМагазин од Солун, каде и може да се чуе новото име на Македонија – Северна Македонија.

Во другите медиуми не се употребува новото име, туку се користи зборот „Скопје“, освен кога се цитира нечија изјава во која се користи Северна Македонија.

Македонците за грчките медиуми како и пред потпишувањето на Договорот од Преспа остануваат да бидат „Скопјани“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Инцидент: Портпаролот на Златна зора сакаше да упадне на средбата на Димитров со Вуцис

Како е правилно: „северномакедонски или македонски„: МНР објави прирачник за медиуми за употреба на новото име

Фото: Димитров/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицискиот час од 22 до 5 часот останува во сила до 6 април

Редакција

Откако го разреши, министерот Меџити го повика Јовев да му биде советник

Редакција

Грција ја тресе скандал со прислушување, првиот човек на службата за разузнавање поднесе оставка

Редакција