еМагазин
Image default
Македонија

Продолжуваат судењата за „Трезор“ „Т.Н.Т.„ и „Маџар Телеком“ на СЈО

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржат рочишта за „Трезор“,“ Т.Н.Т.“ и „Маџар Телеком“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Во „Трезор“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ и поранешениот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски.

Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на Буџетот во висина од 862.045 евра за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

Во оредметот „ТНТ“ меѓу обвинетите се поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дали вашите деца знаат за корупција?

Редакција

Средба Заев-Столтенберг: НАТО ќе испрати дополнителна помош за справување со Ковид-19

Редакција

80,1% од починатите од Ковид-19 во Македонија со претходни заболувања

Редакција