еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Плати со поезија и оваа година на 21-ви март на 8 локации во Скопје

Во свет каде технологијата и интернетот го преземаат секој аспект од животите на луѓето сите се прашуваат како да ги освојат моментите кои се надвор од екранот. Овогодинешната акција „Плати со поезија“ на Јулиус Мајнл го има одговорот. Време е на 21-ви март сите да остават телефоните, да си дозволат да се инспирираат од кафето и да го платат со поезија.

Кампањата оваа година се одржува во над 40 држави од целиот свет и во Скопје секој ќе може да си го плати кафето со стих и поезија во Ревија, Паладиум, Фонтана, Дион, Центар бар, Бекјард, Ла кафе и Сквер 21.

Таму тие ќе се сретнат со Драгана Ефтимова, Наим Иљази, Стефан Марковски, Ксенија Николова, Љубица Шопова, Ирена Јурчева, Искра Донева, Јован Илиески, Слаѓана Атанасова, Исток Улчар, Наталија Наумовска, Перо Сарџоски, Арлинда Бафтиу, Катерина Гогова, Виолета Сековска, Славица Гаџова Свидерска, Михајло Свидерски и Никодин Чернодримски кои како поети и писатели од Македонија ќе им помогнат да ја пронајдат внатрешната инспирација заедно со Јулиус Мајнл. Самите локации може да се најдат ОВДЕ.

За разлика од минатите години, оваа година, сите кои ќе напишат песна или поема влегуваат во меѓународната наградна игра на Јулиус Мајнл преку која само 6 лица од цел свет ќе може да се запознаат со Том Одел на неговиот концерт во Глазгов на 1. јуни 2019 година.

Сѐ што треба да се направи е да се напише поемата или песната, да се сликне и да се постира на Инстаграм со хаштагот #PayWithaPoem.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Една од тајните на успехот на Mercedes-Benz за најдобра автомобилска марка во светот – М-Класа

Редакција

Жителите на Рамни Габер го заклучиле објектот каде што требало да се гласа

Редакција

А1 Македонија продолжува со подароци за своите корисници: Новите активации на Е-сметка можност за освојување на електричен велосипед

Редакција