еМагазин
Image default
Е-излог

(Галерија) Нова колекција SuperDry: Разиграно и разнобојно патување низ светот

Оваа сезона SuperDry нè носи на разиграно и разнобојно патување низ светот. Свеж и иновативен микс на производи збогатен со разновидни интернационални влијанија. Интересни дизајнерски детали и материјали за долгото, топло лето кое доаѓа.

Земајќи инспирација од Блискиот Исток и специфичните материјали и изработки, женската колекција “Boutique Bazaar” раскажува ориентална приказна преку употреба на „patchwork”, рачна изработка и посветеност на детали. Плетените елементи им даваат текстура на парчињата, додека пак цветните дезени и тантелата додаваат леснотија и женственост.

Линијата „Carnival” од друга страна пак, раскажува забавна и фриволна приказна. Светли бои, 3Д апликации, висечки елементи и цветови во жолта и портокалова боја, ја прават суштината на колекцијата. Кројот на парчињата како и психоделичините принтови се носечки во колекцијата инспирирана од Рио.

Колекцијата „Cote D’Azur” се фокусира на парчиња со чист и едноставен дизајн, каде доминираат ригите, додатоците во форма на цветови и нежни карнери, за интересен контраст и спортско-морнарска инспирација. Паралелнa со оваа е машката колекција „Mariner”, инспирирана од Ернест Хемингвеј и неговите авантури. Пастелни бои и летни принтови инспирирани од постери за патување од 30-тите му даваат специјален печат на целосниот изглед.

Селејќи ја инспирацијата на северот од Калифорнија, колекцијата „Big Sur” се состои од интересни тексас парчиња, со “patchwork” додатоци, војнички принтови и разновидна текстура.

Колекцијата „Skate Lux” е омаж на модата од 90-тите, скејт бордингот и возењето BMX велосипеди по калифорниските улици. Маици, дуксери и блузи, како и капчиња и чанти кои се носат преку телото, во пастелни бои за динамично лето.

Завршувајќи го патувањето на британска почва стигнуваме до линијата „Nu Lad”. Предимензионирани логоа во комбинација со современи кроеви и актуелниот тренд „athleisure” за ултра модерен уличен стил.

Со јасно дефинирани теми на колекцијата и уникатни принтови, бои и детали, за пролет/лето 2019, Superdry останува верен на својата мисија на современост и свежина. Заминете на уникатно патување со Superdry оваа сезона.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО/Галерија) Манго: The everlasting days – spring/summer ’18 collection

Редакција

(Фото) Springfield ја лансира линијата R[ECO]NSIDER

Редакција

(Галерија) Легендарниот бренд Levi’s живее со Скопје!

Редакција