еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за „Титаник“ на СЈО

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во врска со изборни нерегуларности.

Претседател на судечки совет е судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефановска.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и се презентираат материјални докази предложени од СЈО. Досега се презентирани над 2.100 од околу 5.900 материјални докази.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 42 пациенти од корона вирусот, од кои 27 од Скопје

Редакција

Детален преглед на состојбата по болниците во кои се лекуваат пациенти со Ковид-19

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи кандидатурата на Данела Арсовска за градоначалник на Скопје

Редакција