еМагазин
Image default
Бизнис

Тутунски комбинат Прилеп во загуба

Тутунски комбинат АД Прилеп за период 01.01.2018 -31.12.2018 оствари загуба пред оданочување во износ од 185.452 илјади денари, по оданочување 188.210 илјади денари, информираат од компанијата преку Македонската берза.

“Причината за остварување на овој негативен финансиски резултат лежи во реализираниот проект за подобрување на продуктивноста во Тутунски комбинат АД Прилеп. Со овој проект, 222 лица заминаа со отпремни, за кој Тутунски комбинат АД Прилеп, потроши 246.000 илјади денари“, велат од компанијата.

Оперативните приходи се намалени за 5%, односно од 995.455 илјада денари на 945.925 илјади денари. Оперативните расходи се зголемени за 19% односно од 995.033 илјади денари во 2017 година на 1.186.685 илјади денари во 2018 година, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Горивата поевтинуваат од ноќеска на полноќ

Редакција

Тиквеш со добивка во првите шест месеци

Редакција

(Видео) „Виз ер“ со нови мерки за безбедност од корона вирусот: Патниците ќе мора да носат маски за време на летот

Редакција