ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува со свој кандидат за градоначалник на Дебар на предвремените избори во оваа општина, што ќе се одржат на 21. април заедно со претседателските.
Ова за МИА го изјави Афет Авмедоски, претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Дебар.
-Нема да имаме наш кандидат во трката за градоначалник на Дебар. Засега немаме став дали ќе поддржиме некој од кандидатите, рече Авмедоски.
Претседателот на дебарската организација на СДСМ, Азем Фејзоски, ни изјави дека немаат конечен став за тоа дали ќе имаат свој кандидат за градоначалник и оти сè ќе се знае до вечерва на полноќ.
До сега официјални се кандидатурите на д-р Хекуран Дука од ДУИ, кој е актуелен вршител на должноста градоначалник, и на д-р Арбен Аголи од Алијансата за Албанците, кому поддршка му даде и Движењето „Беса“.
Избори за градоначалник во Дебар се организираат поради смртта на претходниот, Ружди Љата, кој по кусо и тешко боледување почина на крајот на ноември минатата годна.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е докторот Хекуран Дука, кандидатот на ДУИ за градоначалник на Дебар
Докторот Арбен Аголи, кандидат на Алијансата за Албанците за градоначалник на Дебар