еМагазин
Image default
Локално

Прилепчанец со „Голф“ удри во 11-годишен велосипедист

На 21.03.2019 околу 11.30 часот било пријавено дека на крстосница од улиците „Мукос“ и „Шаќир Војвода“ во Прилеп, патничко возило „Фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(19) од Прилеп, удрило во 11-годишен  велосипедист од Прилеп, информира МВР.

Притоа, детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Градската општа болница Прилеп, каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп и се работи на расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицијата го идентификувала и второто лице кое агресивно се однесуваше во автобус на ЈСП и се закануваше на жена

Редакција

Разбојници ограбиле момчиња, па сакале да ги тепаат полицајците

Редакција

Кај турски државјанин на ГП „Табановце“ пронајдени непријавени 31.000 евра

Редакција