еМагазин
Image default
Локално

Под закана од профит-пиромани: Пожарникарите не можат да постигнат од намерни пожари

Вчерашните пожари во неколку битолски села од кои најголемиот во потпелистерското село Ротино беа намерно предизвикани, изјави Костадин Поповски, командир на Територијалната против пожарна единица-ТППЕ-Битола.

„Вчера ни се случи нешто што во последните 15 години никогаш не ни се случило, за неколку часа да бидат пријавени и да се интервенира на осум пожари на различни локации.

Пожарите беа со различен карактер и опфат бидејќи имавме шумски пожар, две опожарени куќи, пожар на отворена површина, намерно запалена депонија и најголемиот пожар беше во селото Ротино. ТППЕ-Битола беше вклучена со цел капацитет, добивме поддршка од ТППЕ-Ресен и локални претпријатија, а најактивно беше учеството на вработените од НУ Национален парк „Пелистер“. Дефинитивно ќе речам дека сите пожари се намерно запалени“, изјави Поповски.

Тој повтори дека во овој момент во Битола и Битолско нема активен пожар, но превентивно заседаваше Општинскиот кризен штаб.

„Ова што се случува во последниов месец низ државата е катастрофално и толку пожари во кус период никогаш немало. Пожарникарите насекаде се ангажирани, се префрлаат од пожар на пожар и затоа препорачувам строги мерки, казни за сторителите и други мерки, бидејќи ако оваа пролет има вакви пожари, што ли ќе се случува во лето“, нагласи Поповски.

Од секторот за односи со јавност на општина Битола информираа дека локалната самоуправа побарала од СВР-Битола да се преземат мерки за контрола на теренот и истражување на причините за предизвиканите пожари.

Јавна тајна е дека пожарите често се предизвикуваат со намера за потоа без надокнада да се користат тие површини.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Албанка приведена од делчевската полиција поради обид за убиство

Редакција

Тешко повреден скопски моторџија во судар со „Фолксваген Туран“

Редакција

Кривична пријава против командир на полициска станица

Редакција