еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Апелација одлучи: Мијалков излегува од Шутка, оди во домашен притвор

Домашен притвор за поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и за Бедредин Ибраими, а мерка претпазливост за Анета Стефановска, одреди Апелацискиот суд во Скопје постапувајќи по нивните жалби за предметот на СЈО „Титаник 2“.

Жалбите на Влатко Сајковски и на Сашо Срцев се одбиени како неосновани.

– Апелацискиот суд Скопје постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-13/19, во јавноста познат како „Титаник 2“ , по одржана јавна седница, донесе одлука со која жалбите на обвинетите Б. И., С. М. и А. С., делумно ги уважи.

По повод жалбата и по службена должност заради правилна примена на Законот спрема обвинетиот Б. И. определи куќен притвор со траење до правосилноста на пресудата КОК.бр.62/17 од 08.03.2019 година, односно до започнување со издржување на казната.

По повод жалбата и по службена должност заради правилна примена на Законот спрема обвинетиот С. М. определи куќен притвор со траење до правосилноста на пресудата КОК.бр.62/17 од 08.03.2019 година, а најдолго 60 дена сметано од 08.03.2019 година.

По повод жалбата и по службена должност заради правилна примена на Законот спрема обвинетата А. С. определи мерка на претпазливост – Обврска на обвинетата да се јавува повремено во Основен суд Битола секој работен вторник, со траење до правосилноста на пресудата КОК.бр.62/17 од 08.03.2019 година.

Жалбите на обвинетите В. С. и С. С., се одбиваат како неосновани – се наведува во соопштението од Апелацискиот суд.

Во првостепената пресудата за „Титаник 2“ Мијалков е осуден на три години затвор, Мендух Тачи на три години и два месеци, Бедредин Ибраими на четири години и шест месеци, а Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Анета Стефановска добија по три години затвор.

Кривичниот суд го прифати барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и им определи притвор на Мијалков и на Ибраими, а останатите четворица осудени добија мерки за претпазливост.

Според обвинението од СЈО, Мијалков како директор на УБК и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го искористил своето влијание и преку Мендух Тачи договорил да се усвојат приговорите за прегласување на три избирачки места во Струмица на локалните избори 2013 година.

МИА/Фото: a1.on.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мијалков тврди дека нема да бега, Апелација одлучува за неговиот притвор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Најдоброто од отварањето на карневалот во Рио де Женеиро: Секси танчерки ги преплавија улиците

Редакција

„Алкалоид“ со раст на консолидираните продажби од 10%, со двојно зголемени инвестиции и со 111 нови вработувања во периодот јануари-јуни 2020

Редакција

Специјалната болница во Отешево од понеделник ќе продолжи со прием на пациенти

Редакција