еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Со 3.300 повеќе вработени во администрацијата, се покажа заевизмот на дело

Од позиција на опозиција СДСМ, Зоран Заев и сите околу него потенцира колку е обемна и неефикасна македонската јавна администрација, говореа за критериумите на Европската Унија во однос на истата, за сега од позиција на власт буквално да поплукаат на се што кажале, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на пресот на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на кој беше презентиран извештајот за бројот на вработени во јавната амдинистрација лани.

„Денеска министерот за информатичко општество и јавна администрација, Дамјан Манчевски обелодени информација дека само за една година во период од 2017 до 2018 година јавната администрација пораснала за неверојатни 3.300 вработени.

Државниот буџет е оптоварен за нови 3.300 вработени, партиски војници, роднини и блиски на функционери на СДСМ и власта. На СДСМ не му беа ниту доволни веќе постоечките работни места па почнаа да измислуваат функции, некакви си заменици директори само за да ги вдомат „најзаслужните„ за воведување на заевизмот.

Да потсетиме дека токму Манчевски во 2017-та година изјави дека „во јавната администрација има превработеност“. Што се случува сега во јавната администрација, дали Манчевски заборави што говорел?“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Jавниот сектор лани пораснал за над 3.300 вработени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР и Пошта ќе соработуваат за побрза и поефикасна испорака на лични документи

Редакција

ОТА во моментов следи 159 комуникации, можно е некои од нив да се поврзани со „Рекет“

Редакција

Филипче: Најголемиот страв од корона вирусот не ни се случува, нема затрупување на болниците со заболени пациенти

Редакција