еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Две награди од Македонска берза за НЛБ Банка АД Скопје

НЛБ Банка АД Скопје е добитник на две награди од Македонска берза, доделени за време на годишната берзанска конференција која се одржа во Охрид од 28 до 29 март 2019 година, информираат од Банката.

Традиционално на овогодинешната берзанска конференција беа доделени награди за компаниите кои котираат на берзата во две категории: награди за најтранспарентни компании и награди за членките со најголем остварен промет.

И годинава НЛБ Банка е добитник на награди во двете категории и тоа: Награда за најтранспарентна компанија „Кристално ѕвоно“ – 3-то место и Награда за членки со најголем остварен промет – 3-то место.

Вклучително со овие 2 награди НЛБ Банка е добитник на вкупно 8 награди од берзата низ годините, со што дополнително го потврдува приматот на најнаградувана банка во земјата.

НЛБ Банка АД Скопје се вбројува меѓу најпрофитабилните компании во Македонија, со остварена нето добивка од 34,5 милиони евра во 2018 година, што се должи на континуирани продажни активности со особен фокус кај населението, микро, малите и средни претпријатија, засилен финансиски сервис за корпоративните клиенти и на значајните инвестиции во електронските сервиси, велат од Банката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија сѐ уште го држи Гинисовиот рекорд за најдолга бизнис презентација

Редакција

„Полски пикник“ во Музејот на современата уметност во Скопје

Редакција

Пријави се за учество во добротворниот хакатон „KindHack“

Редакција