еМагазин
Image default
Убава приказна

ДУНА одбележува четвртина век во Македонија

Македонската компанија ДУНА, годинава, слави четвртина век. Официјално е отворена во далечната 1994 година.

По повод овој јубилеј, во наредните шест месеци, ДУНА со разни настани и и активности ќе го одбележи своето тридецениско присуство во бизнис секојдневието во Македонија.

„Горди сме што како македонска компанија, веќе три децении, посветено работиме на нашата мисија. Тоа е технологијата да биде присутна во сите сегменти на индустријата, образованието, бизнисот и на целокупното општествено дејствување. Затоа, ги следиме сите ИТ трендови во светот. Како компанија пласираме и наши иновативни идеи во кои веруваме неизмерно и со тоа, успеавме да станеме препознатлив бренд во регионот“, вели Александар Пајковски, извршен директор на ДУНА.

Неговиот колега и партнер во компанијата, Коце Петров, како технички директор, потенцира дека „целосно се фокусирани, преку успешни проекти и корпоративни решенија, да бидат незаменлив дел од бизнис секторот, но и столб и поддршка во работење на институциите. Истовремено, преку многубројни еколошки и филантропски акции, сме посветени и на издигнување на глобалната свесност за општествената одговорност“.

ДУНА, во своето професионално богато портфолио, брои многу успешно реализирани проекти и иновативни решенија.

Во моментов има околу 80-тина вработени, со многубројни награди и со две канцеларии во Србија и во Албанија.

“ДУНА, пред 22 години, ја инсталираше првата дигитална печатница во Државниот завод за статистика за печатење гласачки картички и избирачки списоци.

Потоа реализира проект за обележување на животните со радиофреквентна идентификација за да се воспостави национална програма за превенција на важни заболувања кај домашните животни, заболувања на лигавка и шап.

ДУНА се гордее и на соработката со УНДП во Косово, на проект компјутеризација на институциите за време на кризата, каде се инсталирани 1.500 мултифункционални машини во канцелариите на полицијата.

Од успешните проекти, кој сé уште е активен, ДУНА го вбројува проектот за воведување фискална политика во Македонија во 2001 година, како и создавањето комплетно ново софтверско решение Ultima®ДУНА.

ДУНА е горда и на поддршката на организаторот на најзначајниот настан во поновата историја на овие простори – SUPERCUP 2017“, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Запознајте го Рептил од другата страна: Посакуван работодавач на силно конкурентниот македонски пазар

Редакција

Македонец почна да произведува пиво во Шпанија

Редакција

(Фото) Македонскиот модел Сара Стои во едиториал за српскиот Харперс Базар

Редакција