еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Кралско поле“ со марихуана ќе никне во Охрид

Владата на последната седница ја разгледуваше информацијата за исполнетост на условите на друштво за производство, трговија и услуги „Кинг филд“ (Кралско поле) ДОО Охрид за вршење на дејност одгледување на канабис за медицински цели.

Инаку, премиерот Зоран Заев пред неколку дена соопшти дека до сега се издадени лиценци на 15 компании со домашен и странски капитал кои одгледуваат канабис за медицински цели.

Станува збор за вкупна инвестиција од над 40 милиони евра и околу 300 нови вработувања.

Во бизнисот со марихуана за медицински цели во Македонија се влезени следниве компании и производства: Каба Хербал во Кочани, Оаза алкалоиди во Карбинци, Медицал 420 во Битола, 5 летерс во Ресен, Мам во Свети Николе, АЦПВ во Гостивар, Фарма Медика Канабис во Валандово, Ф&M 2017 во Гостивар, Фармаролли во Скопје, Греен лифе во Валандово, Канабис про во Струмица, Т.Х.Ц. Куалити гроуп во Росоман, Хелтх медикал солутионс во Гевгелија, Бул-Билдинг во Струмица и РСБ солутионс во Карбинци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цела листа: Кои компании во Македонија влегоа во бизнисот со марихуана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Голем интерес за граѓанската обврзница: 1.283 граѓани уплатиле 1,4 милјарда денари

Редакција

Вакцинирани за сезонски грип половина од пријавените граѓани

Редакција

Бензинот „Еуросупер БС-95“ поскапува за два денари, цената на другите горива останува иста

Редакција