еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Утре дружење со Билјана С. Црвенковска во ТРИ

Во рамките на кампањата на издавачкиот центар ТРИ, „Фраерски е да се чита“, утре има нова дружба во книжарницата во ГТЦ, со детскиот автор Билјана С. Црвенковска.

„Повторно ќе си зборуваме за омилените книги, за инспирацијата на авторката, која за себе вели дека е вечно дете што никогаш нема да порасне. За светот на фантазијата што може да ве однесе каде сакате. За суперјунаците меѓу вас. За култните автори за млади каков што е Нил Гејман и за омилената книга на Билјана, „Книга за гробиштата“. Другари, ве чекаме – затоа што фраерски е да се дружиш со писатели“, се вели во поканата за настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали за рекордната 7-ка на Лото 7 вредна 669.000 евра, која „падна“ во Визбегово

Редакција

(Фото) Во училиште во Крива Паланка на аукција се продадоа џиновски новогодишни честитки од рециклирачки материјали

Редакција

(Фото) Македониумот и архитектурата на Кензо Танге изложени во МОМА во Њујорк

Редакција