еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Заев и Борисов на опуштена прошетка низ Дубровник

Премиерот Зоран Заев заедно со владина делегација учествува на осмиот Самит на шефови на влади на земјите од Централна и Источна Европа и Народна Република Кина од процесот 16+1 кој оваа година се одржува во Дубровник.

Пред започнување на официјалниот дел, премиерите на државите имаа опуштена прошетка низ Дубровник, а бугарскиот премиер Бојко Борисов објави фотографија со Заев на која го прегрнал и заедно шетаат низ улиците на хрватскиот град.

Во рамки на овој самит Заев ќе присуствува на отворањето на Економски и трговски форум, а ќе и има свое обраќање на пленарната сесија на која ќе се обратат премиерите на сите земји учеснички на самитот.

Според агендата на Самитот, владината делегација ќе оствари билатерална средба со премиерот на Народна Република Кина, Ли Кечијанг и кинеска владина делегација.

Во Дубровник, претставници на македонската Влада и на НР Кина ќе потпишат Акционен план за соработка во земјоделство.

Премиерот Заев ќе оствари средба со претседателот на Владата на Република Чешка Андреј Бабеш, како и заедничка средба со премиерите на Грција и на Хрватска, Алексис Ципрас и Андреј Пленковиќ.

Фото: Влада/фејсбук-профил на Борисов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Отворен Штип Сити Мол: Првиот трговски центар во Источна Македонија, подготвен да ги прими посетителите од регионот

Редакција

Директорот на училиштето во чиј двор две деца сакале да силуваат соученик поднесе оставка

Редакција

Се јави Груби, тврди дека немало раскол во ДУИ, сите биле построени позади Ахмети

Редакција