еМагазин
Image default
Македонија

Во мај почнува „Одлучен удар“, најголема воена вежба некогаш организирана кај нас

На предлог на Министерството за одбрана, на седница, Владата ја разгледа и прифати Информацијата за изведување на вежбовната активност на Армијата на Република Северна  Македонија и Командата на US EUCOM „Одлучен удар“ и учество на странски вооружени сили на територијата на нашата земја, и донесе Одлука за одобрување за влегување и престојување на припадници на странски вооружени сили на територијата на Република Северна Македонија заради изведување на вежбовната активност „Одлучен удар“, која во неколку фази ќе се спроведе од 20 мај до 15 јули оваа година.

Според информацијата усвоена на денешната седница станува збор за најголема воена вежба која било кога е организирана во нашата држава и во која на практичен и видлив начин ќе се манифестира сојузничката поддршка за членството на земјава во НАТО.

На вежбовната активност е предвидено, освен учеството на 2.000 припадници на Армијата на РСМ, и активно учество на 2.000 припадници на вооружените сили на Соединетите Американски Држави и 400 различни видови моторни возила, 25 припадници на Вооружените сили на Република Албанија и 10 различни видови моторни возила, 25 припадници на Вооружените сили на Република Бугарија и 10 различни видови моторни возила, 25 припадници на Вооружените сили на Република Литванија и 100 припадници на Војската на Црна Гора и 20 различни видови моторни возила.

Вежбовната активност е насочена кон постигнување на интероперабилноста на припадниците на вооружените сили на земјите учеснички со цел овозможување на зголемена контрибуција во тековните и идните операции предводени од НАТО алијансата.

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов рекорд: 243 нови случаи на Ковид-19, во Скопје 98

Редакција

Мицкоски прифаќа лидерска за проблемите на граѓаните, за уставните измени- не

Редакција

Жителите на Кочани кои побараа лекарска помош поради вдишување на чад се пуштени дома

Редакција