еМагазин
Image default
Македонија

Антикорупциска со прекршочни постапки за градоначалниците на Гази Баба и Штип

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) ќе иницира прекршочни постапки  за градоначалниците на Општина Гази Баба и на Општина Штип за прекршување на Изборниот законик и на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси.

На денешната седница на Комисијата делумно беше прифатен приговорот од ВМРО – ДПМНЕ за договорот склучен од страна на градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски со Агенција за обезбедување имот и лица во вредност од четири милиони денари, за физичко и патролно обезбедување на 11 основни училишта и две детски градинки.

За склучениот договор, утврди ДКСК, се работи за финансиски средства предвидени во годишните јавни набавки, меѓутоа спорно е соопштението објавено за настанот од страна на општината и објавено во неколку медиуми, за што и ќе се иницира прекршочната постапка.

Прекршочната постапка против градоначалникот на Штип, Благоја Бочварски е во врска со  дистрибуција на дрва за огрев на четири социјално загрозени семејства и за Ј.П „Исар“, со помош на ЈП.„Македонија пат“ и „Македонски шуми“, како и ТТПЕ.

ДКСК го отфрли приговорот од ВМРО – ДПМНЕ против в.д. градоначалник на Општина Ново Село за вработување 10 општи комунални работници на определено време од 30 дена.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Антикорупциска исплатата на долгот кон лозарите е незаконска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) На обележувањето на Водици во Скопје физички и вербално нападната новинарка на Канал 5

Редакција

Талат Џафери сведочеше за „27 април”

Редакција

Министерот за земјоделство Арјанит Хоџа и двајцата заменици-министри од Беса поднесоа оставки

Редакција