еМагазин
Image default
Македонија

За Антикорупциска исплатата на долгот кон лозарите е незаконска

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) по приговор од ВМРО – ДПМНЕ, на денешната седница заклучи да се иницира постапка за утврдување одговорност за Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – Скопје, која исплатила вкупно 77 милиони денари на над две илјади лозари за откуп на винско грозје од реколтата 2014-2015 година од приватните винарии „Повардарие“ и „Стефанс“.

Според ДКСК не се работи за тековни односно редовни исплати.

ДКСК по сопствена иницијатива ќе отвори и постапки за утврдување на фактичката состојба во однос на соопштението објавено на веб-страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на 14-ти април дека се исплатени 27 милиони евра на 26.776 тутунопроизводители за реколтата од 2018 година.

Ќе се утврдува и фактичката состојба и ќе се бара да се преземат понатамошни постапки од страна на Институцијата во врска со раководителот на одделението за хортикултура Јово Темелковски во ЈП „Водовод и канализации“ кој на 16-ти април со маица од претседателскиот кандидат Стево Пендаровски се појавил во работните простории.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Антикорупциска со прекршочни постапки за градоначалниците на Гази Баба и Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Град Скопје со одговор до Јакимовски: Исклучиво сме надлежни за носење ГУП, постапките за ДУП ги носи Општина Карпош

Редакција

Пендаровски: Добро е што ВМРО-ДПМНЕ воспостави комуникација

Редакција

Хан: Ни треба државништво, а не партиски игри

Редакција