еМагазин
Image default
Балкан

Партијата на Ердоган изгуби, Истанбул има нов градоначалник

Турската Изборна комисија го прогласи опозицискиот кандидат Екрем Имамоглу за градоначалник на Истанбул, без оглед на жалбата која ја поднесе партијата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган „Правда и развој“ за поништување на изборите.

Откако го доби мандатот од Изборната комисија, Имамоглу отиде во Градскиот совет на Истанбул, каде контролата веќе 25 години ја имаат одборници од партијата на Ердоган.

Новиот градоначалник рече дека тој е во служба на 16 милиони лица, а не само на едно, една група или една партија. Илјадници негови приврзаници се собраа пред Градскиот совет за да ја прослават неговата победа.

Партијата Правда и развој, на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган претходно поднесе жалба со која бара да се поништат и повторно да се одржат општинските избори во Истанбул.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бојко Борисов во карантин, шефицата на неговиот кабинет заразена со Ковид-19

Редакција

(ВИДЕО) И Македонци на Парадата на гордоста во Солун

Редакција

Косово воведе задолжителен тест за Ковид-19 за граѓаните на Македонија, БиХ и Црна Гора

Редакција