еМагазин
Image default
Македонија

(Следете во живо) На граничниот премин Богородица се чека до половина час

Сообраќајната раздвиженост на граничниот премин „Богородица“ од утрово е зголемена како резултат на продолжениот викенд поради прославата на велигденските празници.

Во моментот за излез од земјава се чека од 15 до 25 минути, велат од дежурната служба на граничната полиција.

-Во моментот има гужва од возила и автобуси, особено на излез од земјата каде концентрацијата на сообраќајот е поголема, а задржувањето на патниците поради обавување на задолжителните полициски и царински процедури не е подолго од 25 минути, велат од дежурната гранична служба.

Сите расположливи капацитети на граничниот премин се ставени во функција, а времето на чекање, велат граничните службеници, зависи од моментниот налет на сообраќајни бранови.

Состојбата на Богородица и на сите други гранични премени во живо можете да ја следете ОВДЕ.

МИА/еМагазин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПРИЗМА: По мандатот, Коце Трајановски се подновил со куќа

Редакција

Кирил Петков: Јас и Димитар нема да подлегнеме на провокации

Редакција

Младината на социјалдемократите избира нов претседател

Редакција