Илјадници верници имаа можност да присуствуваат на прославата на големиот христијански празник Велигден во Бигорскиот манастир.
Прекрасните фотографии што ги објави манастирот на својата веб-страница доловуваат дел од убавата празничка атмосфера и црковните обреди.
„Засветли денот на торжеството, денот на радоста! Ден на Воскресение, Пасха Господова, ден во кој „од смртта кон живот, и од земјата кон небото, Христос Бог нè преведе!“ Се огласи громогласно радосната вест за победата над смртта, одекна пораката за надеж и живот. Се објави неисцрпната љубов на Бога, Кој ги повикува смртните кон живот во полнота, ги приведува победоносно во светот на Воскресението“, напишаа од манастирот.
Повеќе ТУКА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Оливер Спасовски и Влатко Ѓорчев се кршеа со велигденски јајца во Бигорскиот манастир
Фото: Бигорски манастир