еМагазин
Image default
Балкан

Завиден пораст на приходите на „Атлантик група“ во првиот квартал

„Атлантик Група“ во првиот квартал на 2019 оствари приходи од продажба во износ од 160,1 милион евра, во споредба со истиот период во 2018 година, што претставува раст од 5,1 отсто.

Добивката од работењето (EBIT) изнесува 14,0 милиони евра, што претставува раст од 24,3 отсто, додека нето добивката по малцински интереси изнесува 10,8 милиони евра, што претставува раст од 31,4 отсто во споредба со првиот квартал минатата година.

„Извештајот од првиот квартал потврдува дека „Атлантик Група“ одлично започна уште една деловна година. На сите значајни пазари, остваривме огромен пораст на приходите од продажба, со континуирани инвестиции во сопствените брендови, логистичко-дистрибутивните операции и иновативните деловни процеси.

Продолживме да ги продаваме нестратешките деловни операции и да инвестираме во развојот на дистрибутивниот бизнис, како и да ги развиваме сопствените способности и да го прошируваме портфолиото. Дополнителните намалувања на долгот и значително пониските финансиски трошоци, ни овозможуваат да се фокусираме на уште поамбициозно планирање на идниот раст“, истакна извршниот директор на Емил Тедески.

„Аргета“, пијалаците и хрватскиот пазар со најзабележителна стапка на пораст

На вкупниот пораст на приходите од продажбата, најмногу влијаеа Стратешките деловни подрачја Деликатесни Намази со пораст од 14,7 отсто и Пијалаците сопораст од 9,6 отсто.

Со 31,9 милиони евра приходи од продажба и 19,9 отсто од вкупните приходи, Кафето се издвојува како најголема поединечна категорија. Во дистрибутивниот бизнис, сите пазари остварија пораст, а најзначајно – за дури 13,7 отсто, порасна хрватскиот пазар. Во вкупната продажба, сопствените брендови сочинуваат 65,8 проценти, главните дистрибутивни брендови 25,3 проценти а, фармацевтскиот синџир Фармација учествува со 8,9 отсто.

Продолжување на продажбата на операциите со неликвидно деловно работење и инвестирање во дистрибуцијата

Првиот квартал беше обележан со продажбата на остатокот од Спортска и активна исхрана, односно брендовите Multipower, Champ и Multaben сплотени во компанијата Tripoint – долгогодишен дистрибутивен партнер во овој сегмент на германската компанија Genuport.

Тоа е продолжение на корпоративнатастратегија за продавање операциите со неликвидно деловно работење, а Атлантик продолжува со дистрибуција на брендовите за спортска и активна исхранаво Хрватска, Австрија, Италија и Србија.

На крајот од март, „Атлантик Група“ отвори нов, модерно опремен логистичко – дистрибутивен центар во близина на Велика Горица, со кој обезбедува соодветна логистичка поддршка за долгорочен развој на дистрибутивниот бизнис.

Инвестицијата за изградба и опремување на центарот во вредност од околу 20 милиони евра, е реализирана во соработка со компанијата Kamgrad, а во првата фаза е предвиден капацитет за складирање од 30.000 палетни места, со можност за модуларно проширување во согласност со бизнис потребите.

Потврдата за стратешката важност на дистрибуцијата доаѓа и со понатамошнотопроширување на дистрибутивниот бизнис преку соработка со нови брендови, а по потпишувањето на договорот со германската Hipp во Македонија на почетокот на кварталот, предвидена е и соработка со компанијата Beiersdorf на истиот пазар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Србија утре избори за Национални совети на националните малцинства, меѓу кои и на македонското

Редакција

(Видео) Невидени редици: „Тепачка“ за тестирање за корона вирусот во Србија

Редакција

Заев ќе присуствува на Конгрес на СИРИЗА

Редакција