еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Заев најави ново зголемување на минималната плата на 13.000 денари

Зголемувањето на платите е процес и јас очекувам во иднина оваа спирала на пораст на платите уште повеќе да се интензивира. Веруваме дека мај, јуни ќе ги искористиме за од 1 јули да ја зголемиме минималната плата на 13.000 денари. Дијалогот продолжува и верувам дека ќе изнајдеме алатки и начини каде сите чинители ќе бидат задоволни со ваквите чекори кон напредок. Ќе има уште поголем тренд на пораст и на платите и на пензиите во периодот што доаѓа.

Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев по редовната седница на Економско – социјалниот совет на кој присуствуваа претставници на синдикатите и работодавачи, а со кој претседаваше министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Заев рече дека на редовната седница на Економско – социјалниот совет со синдикатите и работодавачите адресирале важни прашања за унапредување на работничките права и условите за работа и за работниците и за компаниите. Дијалогот меѓу државата, работниците и работодавачите, нагласи, е суштински во процесот на креирање на солидарно општество во кое ќе има економски напредок видлив за сите.

Според него, за компаниите тоа треба да значи повисок профит преку зголемување на производството, трговијата или извозот, за работниците – повисоки плати, подигнување на работничките права, услови за напредок во кариерата и отворање нови работни места.

– Не случајно денеска ја свикавме редовната седница на Економско-социјалниот совет да ја испратиме пораката дека низ заедничка соработка и дијалог може да ги оствариме овие цели. Од јули 2017 година до денеска Економско-социјалниот совет има одржано 16 седници на кои се разгледани повеќе законски прописи поврзани со остварувањето на работничките права и документи од економско-социјалната област.

На денешната редовна седница имавме можност да ги слушнеме барањата на сите страни и преземавме обврски понатаму преку заеднички консултации со синдикатите и работодавачите да носиме одлуки кои ќе бидат во интерес на работниците низ развој на приватниот сектор, истакна Заев.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Угостителските услуги за една година поскапеле за 14.8%

Редакција

Неделава ќе се знае кои производи поевтиниле во маркетите

Редакција

Што значи зголемувањето на минималната плата: 2.175 денари за работникот, 3.355 за државата

Редакција