еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

ДИК: До 13 часот излезноста 20,73 отсто, гласањето без неправилности

Одѕивот на гласачите до 13 часот на вториот круг од претседателските избори изнесува 20,73 отсто.

Портпаролот на Државната изборна комисија (ДИК), Љупка Гугучевска на втората прес конференција денеска соопшти дека ова е податок од обработени 95,39 проценти од избирачките места.

Според овие податоци до 13 часот на гласање излегле 359.024 гласачи, но оценува дека со вклучување на оние под пет отсто од избирачките места бројот на излезени избирачи би бил околу 370.000.

Гласањето, како што истакна, во овие шест и пол часови се одвива мирно, непрекинато и без неправилности.

Во првиот круг од гласањето на претседателските избори излезноста до 13 часот изнесуваше 20,45 отсто.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ФЗОМ предупредува на сериозен обид за крадење на податоци преку лажна веб-страница

Редакција

Договор за добрососедство со Бугарија или завршница на Балканските војни

Редакција

Ковачевски од Берлин: Западен Балкан има европска иднина и силна поддршка од ЕУ

Редакција