еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Избравме претседател, папата си замина, сега фатете се за метлата и убаво да сметете

Папата си замина, се беше како што треба, само злобен мрчатор може да најде фалинки во организацијата, Стево Пендаровски е новиот претседател на државата, па нејзиниот курс е сигурен, како што тврди власта, која рече дека ја сфатила пораката од граѓаните на последните избори, (барем дел од неа), сега останува најважното, што ги интересира граѓаните, да мрднеме малку и ние.

Власта нема веќе простор за оправдување и грешки. Се знае што треба да прави и кои реформи треба да ги спроведе, не само за да добиеме датум за старт на преговорите со ЕУ, туку пред се за подобра иднина на граѓаните кои и покрај се, решија да останат да живеат овде, за сега.

Прво и основно, ни требаат повисоките плати, кои ни беа ветени, повисок животен стандард, подобро здравство, правда за сите… да не редиме, познато е се што треба.

И секако редно е „метлата“ која неколку пати ја спомнува премиерот во последните речиси две години, откако ја води државата, квалитетно да „заигра“ и убаво да се смете.

Да не се става „ѓубре“ под тепих, како што сме навикнати, туку и на овој проблем квалитетно да му се пристапи, како што власта знае да се пофали дека со сериозен однос ги решила проблемите со соседите.

За метли, не е проблем, ако треба ние ќе се организираме и ќе собереме да има доволно.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Застаре и предметот за Ивона Талевска и Љупчо Димовски, „Продуцент“

Редакција

Влада: Платежни картички од 9.000 денари за 100.000 граѓани за купување домашни производи

Редакција

„Aктивните напади“ помеѓу двете страни би можеле да завршат за три недели, прогнозира советник на Зеленски

Редакција