еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Драма оти Заев отишол на одмор

Драма во македонските медиуми оти премиерот Зоран Заев решил да земе здив и да одмори четири дена, како и секој нормален човек.

Кој не сака да оди на одмор? Посебно ако некој како него работи турбо и се обидува да биде присутен секаде и да биде дел од секое решение, кое не е добро само за неговата политичка кариера, туку општо за сите граѓани.

Има ли и тој фамилија, пријатели, роднини?

Македонските медиуми по којзнае кој пат ја покажаа својата безидејност и мрзливост и наместо да се фатат за вистинска работа, од мравка прават слон.

Како да нема што да истражуваат во земјата во која царува корупцијата, непотизмот, криминал…

Интересно е што во моментов и во Грција е топ тема одморот на неговиот пријател, грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Грчките медиуми се уште попатетични, бидејќи сега го анализираат неговиот одмор од минатиот август.

Ципрас поминал неколку дена со семејството на брод.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев од приватни причини зеде слободни денови

Фото: Фејсбук/Заев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јетон Бучи од ДУИ нов директор на ЈП „Паркови и Зеленило“ Скопје

Редакција

Нови 190 случаи на Ковид-19 од 1.530 тестирања

Редакција

Се санираат штетите од поројниот дожд и поплавите во Долнени, Тетово и Виница

Редакција