еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Работник го убил својот работодавец во Тетовско

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово врши увид на местото на кое 45-годишен жител на тетовското село Јанчиште, денеска во 13:30 часот го лишил од живот неговиот работодавец, 60-годишен државјанин на Кралството Холандија.

„Настанот се случил во расадник во селото Прељубиште, сопственост на сега починатиот. Осомничениот вработен во расадникот најпрвин започнал вербална расправија, а потоа и физичка пресметка со работодавачот. Притоа тој му задал удар со камен во главата и му нанел смртоносни повреди.

Јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување на траги и нивно натамошно вештачење и наредба за обдукција на починатото лице, а одземени се и видео записи од мобилен телефон на очевидец на настанот. Осомничениот е лишен од слобода, а истрагата во обвинителството продолжува до целосно расчистување на случајот“, се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски ги испратил поканите за лидерска средба на 7. ноември

Редакција

Каков имот пријавил Синиша Ивановски, новиот директор на Железници инфраструктура

Редакција

Српскиот патријарх Порфириј: Браќата од Македонија се вратија во единство и тоа го гледаме како чудо

Редакција