еМагазин
Image default
Ретро

(Видео) Како изгледаше искачувањето на Мурато на Еверест: Марш на Пелистер во негова чест

Планинари од државата и странство, организирани од планинарскиот спортски клуб-ПСК „Пелистер“-Битола, утрово учествуваат на традиционалниот планинарскиот марш посветен на првиот Македонец што го освои Монт Еврест, битолчанецот Димитар Илиевски-Мурато.

На јубилејниот, 30-ти по ред, планинарски марш кој од Битола води до „Димев Врв“ на планината Баба што се наоѓа на неколку метри под врвот Пелистер, годинава учествуваат членови на македонските планинарски клубови, гости од странство и претставници на дипломатскиот кор.

-Според востановената традиција, на местото „Димев Врв“ денес околу 13 часот, еден планинар ќе потсети на алпинистичките успеси на Мурато, а учесниците ќе положат цвеќе на спомен бистата на Димитар Илиевски-Мурато што се наоѓа кај планинарскиот дом „Копанки“, најавија организаторите на јубилејниот планинарски марш.

Според програмата, учесниците од првата група ќе се движат од Големо Езеро, преку Мало Езеро, Партизански Врв и Широко Стапало ќе стигнат до врвот Пелистер, а втората група планинари која ќе се движи од Палиснопје и Ловечка Куќа ќе стигне до врвот Пелистер.

Во пресрет на планинарскиот марш, во Битола беше отворена фото изложба од историскиот настан кога пред 30 години Димитар Илиевски-Мурато го освои Еверест, но и други фотографии од подвизи на планинарите, чиј автор е новинарот во пензија и планинар, Петар Ставрев.

Планинарскиот марш е востановен во чест на Димитар Илиевски-Мурато кој на 10 мај 1989 година како прв македонски алпинист се искачи и го освои највисокиот планински врв на Хималаите.За жал, тој загина на враќање.

Како изгледаше тоа на врвот погледнете од видеото.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ретка видео-снимка од 1912 година: Српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ во посета на Битола

Редакција

На денешен ден е роден Киро Глигоров, првиот претседател на независна Македонија

Редакција

(Видео) Како изгледаше битката на Мечкин камен во култниот филм “Републиката во пламен“

Редакција