еМагазин
Image default
Македонија

Обвинетите тврдат: Диво насеље е сценарио во режија на Али Ахмети и Никола Груевски

Со многу навреди, непризнавање на судската власт и замолчување на преведувачите се одржа денеска јавната седница во Апелацискиот суд за случајот Диво насеље.

Тие повторно побараа како сведоци да бидат повикани Сашо Мијалков, Никола Груевски, Стојанче Ангелов, Али Ахмети, Садула Дураки, Ѓорге Иванов, Гордана Јанкулоска и други функционери. Обвинетите велат дека Диво Насеље е сценарио на режимот на Груевски и Ахмети.

Сами Укшини, познат како командант Соколи гласно негодуваше за четиригодишното малтретирање кое го трпеле.

„Доста веќе, не ве поднесуваме. Четири години ве трпевме и не малтретиравме. Не ве поднесуваме веќе. Вие сте дојдени од Карпатите, таму треба да се вратите“, рече Соколи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се исплашени, предвремените парламентарни избори се единствен спас за Македонија

Редакција

Во следните 7 дена очекуваме бројот на примени пациенти да биде поголем од бројот на испишани, порача Филипче

Редакција

Американската амбасадорка Агелер со повик до граѓаните да гласаат

Редакција