Претседателот Стево Пендаровски потпиша укази за прогласување на 21 закон, кои не беа потпишани од претходниот претседател Ѓорге Иванов.
Меѓу потпишаните се и указите за прогласување на законите за оперативно-техничка агенција, за Централен регистар на населени и за финансиска поддршка на инвестиции, информираат од кабинетот на Пендаровски.
Пендаровски, се вели во соопштението од неговиот кабинет, смета дека овие закони и нивната идна имплементација се од витален интерес за граѓаните.
Потпишани се указите за прогласување на следните закони:
–Закон за изменување на Законот за оперативно-техничка агенција
–Закон за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица
–Закон за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации
–Закон за дополнување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија
–Закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност
–Закон за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата
–Закон за изменување и дополнување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер
–Закон за Централен регистар на население
–Закон за изменување и дополнување на Изборниот законик
–Закон за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестиции
–Закон за изменување на Законот за спортот
–Закон за практиканство
–Закон за услуги
–Закон за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Црна Гора за уредување на меѓусебните имотно-правни односи
–Закон за извршување на санкциите
–Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи
–Закон за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања
–Закон за изменување и дополнување на Законот за државните награди
–Закон за изменување на Законот за Владата на Република Македонија, со текстот на Законот
–Закон за електронско управување и електронски услуги
–Закон за изменување и дополнување на Законот за јавен долг.
Фото: Фејсбук/Пендаровски